Скопјанец се преврте со автомобил, тројца во болница – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/19 11:22 AM

Скопјанец се преврте со автомобил, тројца во болница

Педесет минути по полноќ  на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе и исклучок од автопатот во изградба Штип-Миладиновци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот А.К. од Скопје, излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река.

Притоа, со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П.Ј.(25) од Скопје, А.М.(21) од Куманово и Х.И.(20) од Скопје.

Со возила на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата во Штип, по што П.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, а останатите биле задржани на понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.