Котевски: Барањето на Заев за оставка ќе биде реализирано – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 11:36 AM

Котевски: Барањето на Заев за оставка ќе биде реализирано

Брањето на премиерот е конечно и тоа ќе биде реализирано, изјави за Плусинфо директорот на затворот „ Шутка“ Ѓоко Котевски откако премиерот Зоран Заев во изјава за медиуми побара оставка од Котевски по инцидентот во затворот каде беа истепани екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

– Барањето на премиерот е конечно и тоа ќе биде реализирано. Се надевам дека ќе има простор да ја завршам истрагата и дека ќе се покажат сите недостатоци кои веќе ги увидовме и потоа ќе биде реализирано барањето на премиерот – ни изјави Котевски.

Извор: Плусинфо