ВМРО-ДПМНЕ: Со оставката на Ѓоко Котевски не смее да се прикрива одговорноста на инспираторите и нарачателите – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/19 11:20 AM

ВМРО-ДПМНЕ: Со оставката на Ѓоко Котевски не смее да се прикрива одговорноста на инспираторите и нарачателите

Опизциската ВМРО ДПМНЕ, со реакција до премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска, по изјавата дека Заев очекува до понеделник директорот на „Шутка“, Ѓоко Котевски да си даде оставака.

„Зоран Заев и Рената Дескоска, мора да сносат одговорност за тепањето на Јанакиески и Ристоски во притвор. Одговорност мора да има од Заев и Дескоска, а не истите да се вадат на одговорност само во пониските ешалони на власта. Тепањето на Јанакиески и Ристовски е акт на деспотизам кој не смее да остане неказнет. Чинот што било дозволено тепање на притвореници е срам за демократијата“, стои во писменото соопштение на ВМРО ДПМНЕ.

Тие сметаат дека е срамно и недозволиво е властите да не го спречат тепањето, туку  напротив синхронизирано се обиделе да ја манипулираат јавноста. Од опизицијата го повикуваат Народниот правобранител да го испита случајот.

„СДСМ не смее да бега од одговорност. Чинот на тепање на затвореници е акт на незрело и недемократско уредување, кое за жал стана државата со Зоран Заев на чело на владата. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Народниот правобранител и сите меѓународни претставници во земјата да го испитаат случајот и да спречат понатамошно кршење на човековите права“, стои во писменото соопштение на ВМРО ДПМНЕ.