Агентот Милан Мартиновиќ открива дел од минатото, како всушност го продале Лука Модриќ од Динамо во Тотенхем за нешто поголема сума од тоа што се очекувало.
Првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, знаел дека може да извлече повеќе пари од продажбата на Лука Модриќ, па нивното чекање им се исплатило на крајот.
Агентот Мартиновиќ сподели со јавноста што се се случувало со Модриќ пред да се пресели во Тотенхем.
„Здравко направи добра стратегија, тој имаше висија и тоа се оствари. Имаше чувство за бизнис. Лука Модриќ можеше пред да се пресели во Тотенхем, да игра за Валенсија, тие дури понудија и 15 милиони евра, но Здравко рече, Милан, се уште не, сметајки веројатно дека понудата не е задоволителна“.
„Неколку месеци подоцна се случи трансферот во Тотенхем за 20 милиони евра, Здравко веруваше дека Лука има вредност“, открива Милан Мартиновиќ.


