Путин: Ако Запад се обиде да ни’ го блокира Интернетот, ќе направиме свој – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/19 9:34 AM

Путин: Ако Запад се обиде да ни’ го блокира Интернетот, ќе направиме свој

„Русија мора да се подготви за можни обиди од Запад да и’ го ускрати пристапот на глобалната интернет-мрежа на тој начин што ќе воспостави свои „веб-сегменти“, смета рускиот претседател Владимир Путин.

– Мислам дека западните земји добро ќе размислат пред да направат такво нешто, но постои теоретска можност на Русија да и’ биде блокиран пристапот на Интернет и затоа ние мора да формираме системи што нема да зависат од некој од страна – ја пренесува ТАСС изјавата на Путин.

Тој додал и дека таквиот евентуален обид ќе му нанесе огромна штета на Западот