Одговорноста кај функционери на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ за исчезнатите пензии – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/19 8:01 AM

Одговорноста кај функционери на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ за исчезнатите пензии

Ден по откривањето дека на над 12.000 осигуреници, чии пари за пензиско осигурување во изминатите 10 години не им биле уплаќани во вториот пензиски столб, прстот се насочува кон министрите и функционерите на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, соопшти дека сега државата ќе уплати 19 милиони евра. Освен парите што не биле префрлани во приватните пензиски фондови, ќе треба има пари и за  обештетување на осигурениците и за приходите што би ги оствариле од инвестирање на средствата. Јавноста прашува дали ќе се бара одговорност или како во многу случаи до сега, на одговорните нема да им фали ни влакно.

Во периодот од 2009 година до 2018 година, директори на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) беа кадри на ДУИ и тоа –  Хисни Јакупи, Амет Даути, Беким Незири и Шаип Зенељи, додека министри за труд и социјална политика, под чија надлежност е ПИОМ беа Џељаљ Бајрами, Спиро Ристовски и Диме Спасов.

Министерката мила Царовска рече дека сите документи кои биле дел од анализата за состојбата на пензискиот фонд, ќе бидат предадени на Основното јавно обвинителство на преку истрага да утврди  каде и зошто уплатуваните средства не биле распоредувани во вториот пензиски столб.

500 милиони евра за 10 години, е направениот минус во Фондот за пензиско осигурување. Ова  е последица на, како што велат од министерството, погрешни политики на претходната Влада и ад хок покачувања на пензии надвор од законската рамка, која предвидува усогласување на пензиите со трошоците за живот двапати годишно. Овие пари се надоместуваа со средства од буџетот.