УХМР:Врнежите од снег ќе престанат во вечерните часови – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/19 6:13 PM

УХМР:Врнежите од снег ќе престанат во вечерните часови

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 16 часот).

Над 100 сантиметри снег во Попова Шапка, 83 Маврово, 50 Лазарополе, 35 Тетово, 31 Ск. Петровец, 28 Ѓуриште, 25 Д. Капија, 19 Битола, 10 К.Паланка, Охрид, Штип, 9 Скопје З. Рид, Претор, 8 Прилеп, 7 Тополчани, 5 Виница, 2 Берово.

Попладнето снег провејуваше во Крушево и Маврово. Во источните делови имаше исто така повремени врнежи од слаб снег, а снег има и сега на крајот од денот во Д. Капија, Виница, Крива Паланка. Од средината на денот и особено во Штип и Гевгелија повремено засилуваше претежно северозападен ветер.

Ветерот ќе остане поизразен и во текот на ноќта во Гевгелиско, а врнежите ќе престанат во вечерните часови.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Ќе биде претежно сончево со  мала до умерена облачност поголема на северот и на истокот. Наутро ќе има услови за појава на магла. Во северните делови ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а на југот и од пладневните часови ветерот ќе е јужен.

Минималната ќе би де во интервал од -9 до -1, а максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.