Целиот преоден рок Арсенал го бркаше Денис Суарез од Барселона и Евер Банега од Севиља, но на крајот ќе мора да прејде на планот Б.
Седум дена пред затворање на пазарот, „Топчиите“ ќе се обидат да го реализираат трансферот на Хуан Мата од Манчестер Јунајтед и Кристофер Нкунку од ПСЖ. Унаи Емери сака да го реновира средниот ред со цел да се избори за пласман во Лигата на шампионите, па потребни му се барем две засилувања бидејќи сака да се ослободи од Месут Озил.
Преговорите со Барса околу Суарез делуваат блокирани. Каталонците не попуштаат во своите барања со кои Арсенал не сака да се сложи. Затоа Арсенал се насочува кон ПСЖ и започна преговори околу Нкунку кој ги покрива сите позиции во средниот ред, но може да игра и на двете крила. Унаи Емери добро го познава бидејќи го афирмираше во првиот тим на ПСЖ.
Арсенал го сака на позајмица со право на откуп за 20.000.000, а се сложи и со откупната цена која ја поставија „Светците“. Зелено светло даде и Томас Тухел, но под еден услов. ПСЖ покрај веќе договорениот Паредес да доведе уште еден играч за врска од трилингот Геј – Санчез – Алан. Најблиску е Португалецот од Баерн кој би дошол во трампа за Рабио. Во тој случај не би имало никакви пречки за трансферот на Нкунку во Арсенал.
Покрај младиот Французин, Арсенал се обидува да го доведе и Хуан Мата. Со оглед на тоа дека Емери се помалку му верува на Озил, се бара „десетка“ наместо Германецот. Се споменуваше Хамес Родригез но Баерн не сака да го пушти на позајмица.
Договорот на Мата со „Црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната и слободен е сега да преговара со заинтересираните клубови и да потпише преддоговор. Но, на Арсенал му е потребен веднаш. Со оглед на тоа дека Шпанецот нема голема минутажа кај Солскјер, можеби Јунајтед би прифатил да го пушти за некоја симболична сума во Арсенал. Освен ако не сака да го засилува директниот ривал во борбата за Лигата на шампионите.
Преземено: Спорт Клуб


