Каракамишева:Заев и Османи се предупредени – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 9:32 AM

Каракамишева:Заев и Османи се предупредени

Членката на Венецијанската комисија од Македонија, професорката Тања Каракамишева, тврди дека ова тело ги предупредило премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи за „недозволен владин притисок врз национален претставник во телото“.

Венецијанската комисија испратила писмо до кабинетот на Османи и до Заев, пишува Каракамишева.

„Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев,напиша Каракмишева.

Таа ги повикува новинарите да го добијат писмото и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти.