Од крајот на месецот седниците на Собранието Џафери ќе ги води на албански – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/19 11:05 AM

Од крајот на месецот седниците на Собранието Џафери ќе ги води на албански

Прво да се создадат сите услови, што би требало да се заврши до крајот на месецот, па потоа ќе може седниците на Собранието на Република Македонија да ги водам на албански јазик. Ова беше одговорот на новинарско прашање на претседателот на Собранието Талат Џафери на прес конференцијата пред малку. Тој додаде дека и до сега имал можност и тоа го користел за комбинирано водење на седниците на македонски и на албански јазик.  Џафери рече дека оценкатата на Законот за употреба на  јазиците и испраќањето до Венецијанската комисија е работа на Владата на РМ, а не на Собранието.

Повеќе во аудио снимката од прес конференцијата: