Хрватот Талат Сулејмани со прекар Тони, е главна фаца на најпопуларното видео деновиве, каде вели дека само со вежби и физичка активност се победуваат болестите.
Има 82 години и 70 килограми и никогаш во животот не држел диети. Никогаш не се лишувал од благо, а обожава баклава. Заедно со сопругата во младоста биле манекени.
-Цел живот вежбам по два – три часа, секој ден, вели Тони за хрватскиот весник Вечерњи лист.Признава дека не се дружи со пензионери во соседството, бидејќи е сосема различен од нив.
Целосното видео по кое Тони стана популарен и во Македонија.
-Најмногу ме навредува кога некој ќе ми викне „момче“. Момчињата се никакви. Ним им порачувам да бидат силни, цврсти и здрави. Откажете се од цигарите, јади тоа што ти душа сака. Нема диети, тоа не постои, смета Тони.
Славата на Тони не од виралното видео. Тој и неговата сопруга биле многу познати во младоста. На прашањето за вечна љубов вели:
-Не постои тајна на вечната љубов. Ако сакаш да се жениш, да бараш љубов, таа трае пет години, беше јасен Тони.
Повеќе за Тони од разговорот со новинарката на Вечерњи лист: (ВИДЕО)


