Мик Шумахер, потпиша договор со Возачката академија на Ферари (ФДА), со што официјално стана дел од големото тркачко семејство обединето околу иконата на „гордото коњче“ од Маранело.
Мик Шумахер е роден на 22 март 1999 година и за два месеца ќе наполни 20 години.
– Воодушевен сум што направивме партнерство со Ферари и дека мојата иднина во мотоспортот ќе биде во црвено, како дел од ФДА и како член на семејството на Скудерија Ферари. Ова е уште еден чекор во вистинска насока и можам само да профитирам од преголемото количество на експертиза кое е вгнездено тука. Бидете сигурни дека ќе сторам се за да го извадам она што може да ми помогне да го остварам сонот за тркање во Формула 1. Повеќе од очигледно е дека Ферари има големо место во моето срце од кога сум роден, а исто така и во срцето на нашето семејстви, па на личен план одушеневн сум од оваа можност. Во овој момент сакам да им заблагодарам за поддршката на моето семејство, пријателите и соработниците кои ме поддржуваа до ега и ми помогнаа да стигнам до оваа точка,- гласи официјалната порака од синот на седумкратниот светски шампион во соопштението на Ферари по овој повод.
Превземено од:derbi.mk