При напад врз конвој со кој патувал гувернерот на провинцијата Логар, загинаа најмалку осум припадници на авганистанската безбедносна служба, а десет се повредени
Во нападот не е повреден гувернерот. Нападот е извршен со автомобил -бомба, што е активирана на автопатот од провинцијата Логар кон главниот град на Авганистан Кабул, кога поминал конвојот, соопшти локалната полиција.
Одговорност за нападот ја презедоа талинабците.