ВМРО-ДПМНЕ остро го осудува инцидентот за време на денешната манифестација по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, во кој беше повредена новинарката Мирјана Мирчевска, долгогодишно препознатливо медиумско лице.
Никој не смее да се служи со насилство, особено не на ваков ден, особено не против јавноста, против новинарите, оние кои се таму за да ја доближат оваа манифестација, оние кои го пренесуваат овој христијански чин преку медиумите.
Демократијата подразбира слободни медиуми и достапност до информации. Секое насилство против новинар е насилство против демократијата.
ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува и поттикнува медиумите уште повеќе да бидат присутни меѓу народот и уште поревносно да ја пренесуваат македонската традиција и културна посебност, да ја пренесуваат вистинската слика од и за Република Македонија. МВР мора што побрзо да го расчисти случајот, а виновниците да бидат санкционирани.
Исто така и владејачката СДСМ го осудуваат нападот врз новинарката.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осудува физичкиот напад врз новинарката на Канал 5 телевизија, која известувала од манифестацијата за одбелжување на верскиот празник Водици, вчера, во Скопје.
Неприфатливо е било каков било физички напад, неприфатливо е било какво попречување на работата на новинарите, тоа е недозволиво.
СДСМ очекува надлежните институции што поскоро да го расчистат случајот и напаѓачите да понесат одговороност односно соодветна законска казна.


