Тројца загинаа, а седумина се водат за исчезнати во лавина која се лизнала на планинскиот премин на Хималаите во делот Кашмир кој е под индиска контрола.
Лавината се урнала на преминот Кардунг Ла во далечната област Ладак и затрупала во снегот дететина луѓе, изјавил цивилниот администратор на таа област, Басир Кан.
Три тела се пронајдени, а тимовите на спасувачката полиција и војска трагаат по исчезнатите, изјавил претседателот на полицијата Таши Вангиал. Тој изјавил дека жртвите се работници кои работеле во таа област кога се урнала лавината.
Лавини и свлечишта се честа појава во Кашмир, област која е поделена помеѓу Индија и Пакистан а низ која поминуваат жителите на двете земји. Тие особено се фатални за војници од Индија и Пакистан кои кампуваат во таа област.
Во 2017 година, 20 индијски војници беа жртви на три лавини, а во 2012 година голема лавина во дел од Кашмир под пакистантската контрола затрупа 140 луѓе, вклучувајќи ги и 129 те пакистантски војници.


