Наставиничка физички нападнала колешка во училиште во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 3:01 PM

Наставиничка физички нападнала колешка во училиште во Кавадарци

Наставничка физички нападнала колешка во училиште во Кавадарци, информацијата ја пренесуваат МИА за кои информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-На ден 15 јануари 2019 година во Полициската станица  – Кавадарци педесет и четиригодишна жена од Кавадарци пријавила дека утрото, околу 08.30 часот, во наставничката канцеларија во училиште во Кавадарци, каде е вработена како наставничка, била физички нападната од нејзина колешка на возраст од 47 години, вели Додевски.

Тој не открива повеќе детали за инцидентот.