Путин пристигна во Белград (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 1:03 PM

Путин пристигна во Белград (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на аеродромот во Белград „Никола Тесла“, тој беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ, со почесна воена гарда.

Путин слетал околу 13.06, а еден час пред рускиот претседател, на белградскиот аеродром слетал авионот со руската делегација.

По поздравот, Вучиќ и Путин влегоа во лимузината на шефот на руската држава, позната како „Ѕвер“, во која бил извршен и првиот разговор.