Келнерка осомничена дека го убила сопственикот на локалот: Таа тврди дека не се сеќава – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 10:49 AM

Келнерка осомничена дека го убила сопственикот на локалот: Таа тврди дека не се сеќава

Четириесет и двегодишна келнерка од Травник, Босна и Херцеговина заработи едномесечен притвор. Келнерката, Сања Ѓонлиќ се товари за убиство на сопственикот на локалот во кој работела, односно дека ноќта сабота спрема недела со нож го усмртила педесет и осумгодишниот угостител.

Полициската истрага покажала дека би можело да се работи за љуборна расправија која се претворила во тепачка, во која сопственикот ја удрил келнерката, по што тоа ескалирало во убиство.

Во неделата попладне, таа била приведена и сослушана, а како што дознава Аваз, во присуство на својот адвокат таа се бранела тврдејќи дека не се сеќава на цеиот настан. Несреќниот, педесет и осумгодишен маж „заработил“ повеќе убоди во стомакот. Полицијата во угостителскиот објект во негова сопственост, го пронашла и крвавиот нож, кој е пратен на вештачење во Центарот за форензика во Сараево.