Двегодишно момче е фокусот на спасувачите, откако падна во длабок бунар во јужната шпанска провинција Малага.
Детето беше во селото Тотан со своето семејство , кога падна во бунарот, изјави за Си-Ен-Ен Бернардо Молто, портпарол на Málaga’s Guardia Civil.
Дупката е само девет инчи во дијаметар, рече Молто. Спасувачите спуштија микро-робот со камери над 260 метри во дупката, но не можеа да го лоцираат момчето, додаде тој.
“Ние не го најдовме ниту го слушнавме детето”, рече Молто.

Тимот за спасување ќе користи алтернативни стратегии за враќање на детето, рече Молто, вклучително и копање подлабоко во дупката.
Приоритет ни е да го најдеме и спасиме детето – изјави Молто


