Во сообраќајна несреќа во Етиопија, загинаа 17 лица, објавија локалните медиуми.
Сообраќајна незгода се случи во неделата вечер, кога автобус кој патувал по патот се превртел, оставајќи 17 лица загинати, објави Fana Broadcasting Corporate (FBC).
Раководителот со односите за јавноста Тефера, рече дека полицијата утврдила дека причината за сообраќајната несреќа е транспортниот автобус што немал капацитет да пренесе толку голем број на патници.Автобусот пренесувал вкупно 45 патници.


