Џафери го испратил Законот за употреба на јазиците во Службен весник – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/19 7:37 AM

Џафери го испратил Законот за употреба на јазиците во Службен весник

Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа преку својот фејсбук профил објави дека го испратил во Службен весник Законот за употреба на јазиците.

Во кусата објава на фејсбук Џафери на македопнски и на албански јазик пишува: „Законот за употреба на јазиците и во Службен весник”.

Oвој Закон два пати беше изгласан во Собранието, на 11 јануари и на 14 март минатата година, но претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише, со образложение дека е противуставен.