Сугарески: Наша цел е автопатот Скопје-Блаце да биде изграден пред 2023 година – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/19 1:07 PM

Сугарески: Наша цел е автопатот Скопје-Блаце да биде изграден пред 2023 година

Автопатот Скопје – Блаце се гради во две фази, а кон крајот на месецот  или почетокот на следниот месец ќе биде распишан тендер за првите 1,9 километри, најави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

„На останатиот дел во должина од 10,5 километри е потребно препроектирање, бидејќи според проектот изработен во 2002 година трасата влегува во зоната Визбегово и новоформираните гробишта. За оваа фаза е предвидено да се објави тендер следната година. Нашата цел е тој да биде изграден побрзо – 2021 година или евентуално почетокот на 2022 година“, посочи тој денеска.

Освен Сугарески,  изградбата на автопатот Скопје – Блаце во петокот ја најавија вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Автопатот ќе биде во должина од 12,5 километри, а инвестициската вредност се проценува на околу 110 милиони евра. Се очекува дека со изградбата на овој автопатот, патувањето од Скопје до Приштина ќе се скрати од два часа на 45 минути.