ММС, 14.01.2019
Ретките посетители во овој период од годината на туристичкиот локалитет Равна Река и на тој дел од Малешевските Планини деновиве имаат убава можност да уживаат во прекрасните зимски пејсажи и снежни убавини, како и во замрзнатите Пехчевски водопади кај изворите на Брегалница, од кои најголемиот е висок 14 метри.
Водопадите биле замрзнати уште од пред Нова година, кога температурата во овој реон на надморска височина од 1.200 до 1.400 метри континуирано во утринските часови е околу минус 20 степени. Доколку се носи зимска опрема, патот е прооден за оние што сакаат да уживаат во снежната идила. (Љ.Ш.)
Фотографии: Марјан Митриновски











