Рударскиот град, всушност бил фудбалски град. Тоа беше првиот впечаток по манифестацијата, на која Македонска Каменица ја покажа својата друга страна, љубовта за фудбалот од најмаладиот до највозрасниот фудбалер присутни во салата на КУЦ „Романса“. А таму, додека се одбројуваа последните часови од 2018 година, каменичани го славеа фудбалот, па младите фудбалери на ФК „Каменица Саса“ жонглираа со топката со оние кои ја почнаа приказната со клубот, па се надигруваа пред малите голчиња, каде бранеше Томе Петров, струмичанецот, кој 35 години помина во Каменица. За него каменичани велат дека има кога има неодранливи топки, фудбалерите знаат да кажат: „Таа ни Томе не ја брани“. Петров дојде повторно во Македонска Каменица, но да си го прими признанието за својата децениска работа со клубот.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=6V8Z6wSKRME]
Прославата беше вечер на многу спомени. Се потсетија имињата на славните фудбалери, а акцентот се даде на помладокот, со надеж дека еден ден ќе излезе нов Пандев од Каменица. Меѓу фудбалерите кои ја почнаа кариерата и фудбалски созрееја е и Стојан Игнатов, кому фудбалот му дал многу во животот.
Отворањето на рудникот Саса пред 50 години, работното ангажирање на рударите, ја наметнала и потребата да се оформи фудбалски клуб, каде рударите ќе рекреираат. За кратко клубот станал миленик во
Објавено на: 01/11/19 5:31 PM


