Рахаф ал-Кунун: Откривање на твитовите кои можеби го спасија нејзиниот живот(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/19 5:28 PM

Рахаф ал-Кунун: Откривање на твитовите кои можеби го спасија нејзиниот живот(видео)

Вечерта во саботата, 5 јануари, очајна ситуација почна да се разоткрива на новоотворениот профил на Твитер.

Бегајќи од нејзиното семејство во Саудиска Арабија, Рахаф Мохамед ал-Кунун (18), испрати неколку твитови во кои се молеше за помош од хотелската соба на аеродромот во Бангкок.Таа имаше само 24 следбеници.

“Јас сум девојката која избега во Тајланд. Сега сум во вистинска опасност бидејќи саудиската амбасада се обидува да ме присили да се вратам”, објави нејзиниот прв твит на арапски јазик.

Потоа рече нешто што би било тешко да се игнорира: “Се плашам, моето семејство ќе ме убие”.
Луѓето забележаа и првиот твит со хаштагот #SaveRahaf беше испратен.
За неколку минути, египетско-американската активистка Мона Елтахили ги преведе арапските твитови на англиски и и испрати стотина илјади следбеници.