Босанец уапсен во криминална група која оперирала во Перу – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/19 4:25 PM

Босанец уапсен во криминална група која оперирала во Перу

Запленет е еден и пол тон кокаин и уапсени се членови на криминална група помеѓу кои и еден Босанец, информира полицијата од Перу, каде што е пронајдена дрогата и криминалната група.

Смаил Шикало е момчето со потекло од Босна и Херцеговина, кој наводно бил поврзан со криминалната група „Америка“ со која раководат српски државјани. Шверцерите имале план, пратката да стигне до Европа по морски пат, со што на црниот пазар би заработиле 80 милиони долари.

Но, полицијата на Перу на оваа операција работела од саботата, кога биле уапсени двајца Перуанци во чија куќа биле најдени 472 килограми кокаин, а во втората куќа каде бил  уапсен Босанецот заедно со еден Перуанец, во нивниот плакар бил пронајден повеќе од еден тон кокаин.