Џафери го демантира Бачев: Не е точно дека во Собранието се држат заклучени пратеници – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/19 3:24 PM

Џафери го демантира Бачев: Не е точно дека во Собранието се држат заклучени пратеници

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги демантира информациите изнесени од лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието.

Ја информираме јавноста дека се работи за класична дезинформација, со цел да се нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободно.  75. седница на Собранието на Република Македонија се одвива според воспоставениот ред како и за секоја друга седница – велат од кабинетот на Џафери.

Претходно денеска, Бачев обвинувајќи дека тројца пратеници се држат заклучени во Собранието побара итно да дојде јавниот обвинител и да даде налог за апсење.