Оптоварени сте со обврски и рокови: Време е за кратка пауза – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/19 2:43 PM

Оптоварени сте со обврски и рокови: Време е за кратка пауза

Со оглед на тоа што по празничниот одмор, повеќето од нас се враќаат на своите обврски, ќе ви биде од полза паузата од работа да ја искористите на вистиски начин. Постои неколку едноставни трикови со кои паузата од половина час ќе ја претворите во вистинско мало задоволство.

Многу често се случува паузата за ручек да се искористи за да каснете нешто од нога и да се вратите во канцеларијa, за да доработите некоја додатна работа и да заштедите малку време за себе. Дури и во ситуации, кога не можете да излезете од канцеларија, постојат неколку ефикасни начини ефикасно да ја искористите својата пауза.

Почастете се со вашето омилено благо
Лек против секој стресен ден е да консумирате нешто слатко. Вкусoт на вашето омилено благо за момент ќе ви ја врати насмевката на лицето и ќе ви го поправи и најтешкиот работен ден. Затоа секогаш на работа имајте го до себе вашето омилено чоколадо или парче колач, со цел вашата пауза да ја претворите во кратко задоволство, иако ќе ја поминете со работа.

Вежбајте додека седите на работниот стол
Со оглед на тоа што секојдневното седење на работниот стол негативно влијае врз вашиот грб, одвојте барем 5 минути од вашата пауза да направите едноставна вежба за истегнување, со цел да си олесните себе си и да ја спречите напнатоста во вратот, која вас ве деконцентрира и прави да се чувстувате неудобно.

Погледете и преслушајте некои поучни видеа
Доколку е неопходно да работите за време на паузата, за да ги испочитувате сите рокови сепак вам ви се потребни барем 10 минути да го одморите мозокот од обврски и да ги оттргнете мислите од напорниот ден. Затоа пуштете некое видео и додека појадувате, преслушајте некоја емисија со тематика која вас ве интересира, опуштете се а со тоа и стекнете нови познавања.

Потполно размуно е понекогаш да немате време да излезете надвор и вашата пауза за ручек да ја поминете растеретено, затоа барем потрудете се да искористите 10 –на минути во текот на паузата да се опуштите на најдобар можен начин, за да имате сила да продолжите со вашите работни обврски.