Тринаесет мртви во снежната бура што ја опфати Европа – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/19 8:07 AM

Тринаесет мртви во снежната бура што ја опфати Европа

Европа ја погоди снежна бура со големи лавини а тоа предизвика затварање на голем дел на училиштата ширум континентот, како и откажување на летови.

Зимски временски услови уште наречени и „смртоносни“ се уште присутни во Европа, зафаќајќи стотици луѓе во алпскиот регион, како и појава на  силни ветрови што предизвикаа одложувања и откажувања на летови и ги зголемија ризиците за повеќе смртоносни лавини.

Најмалку 13 лица загинаа во несреќи поврзани со времето во Европа во текот на минатата недела, повеќето од нив се од лавини.

Во Норвешка обидите да се пронајдат телата на четири скијачи повторно беа одложени поради слабата видливост и обилните снежни врнежи.