Снегот предизвикува хаос низ цела Европа, неколкумина мртви – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/19 2:34 PM

Снегот предизвикува хаос низ цела Европа, неколкумина мртви

Како последица на зимската бура во Европа, се неколку лица кои го загубија животот во Германија, Австрија и Норвешка. Властите ги предупредија скијачите да ги избегнат скијачките патеки поради опасноста од лавини. Но, метеоролозите сугерираат дека најлошото допрва треба да дојде.

Неколку луѓе од екстремни временски услови во Европа, починаа како последица на премрзнатост вклучувајќи 44-годишен маж во германскиот град Вакерсберг во Баварија и една млада жена на Тејзенберг во регионот Берхтесгаден.

Во западна Австрија, за време на викендот починаа пет лица. Во Норвешка пак,  официјални лица изјавија дека четворица луѓе, меѓу кои и жена од Шведска и тројца фински скијачи, го загубиле животот од лавина.