Од 01.11.2018 година Државна лотарија на Македонија го пласираше инстант лозот „Биди вип – вози џип“ во соработка со Аutomobile SK, а веќе денеска го додели и вториот автомобил Jeep compass, кој е една од 10-те главни добивки во овој инстант лоз.
Првиот Jeep compass беше изгребан во Куманово , а вториот во Кавадарци во продажното место „Браво нутс“.
Добитникот е Раде Стојаноски од Кавадарци кој денес ги посети просториите на Државна лотарија на Македонија , а дома во Кавадарци си замина со својот нов автомобил. Уште од почетокот на приредувањето на оваа игра на среќа, Раде секојдневно купувал по еден или два инстант лозови, и бил упорен во својата намера да вози ваков Jeep compass. Еден ден дури купил и инстант лозови во вредност од 3.000 денари, но и тогаш немал поголема добивка освен 70 денари за замена на лозовите. Кога си ја пробал својата среќа во играта НовоЛото 7/34, успеал да погоди 4 броеви , што му донеле добивка од 170 денари. Наместо да ги подигне, истите ги вложил купувајќи два инстант лоза „Биди вип – вози џип“. Едниот од нив не бил добитен, но другиот му го донел толку поскуваниот Jeep compass.

Денес во просториите на Државна лотарија на Македонија ја подигна својата добивка и со Jeep – от compass замина за Кавадарци.

На сите играчи на игрите на среќа им порача да бидат упорни во потрагата по среќата и по својата посакувана добивка. Бидејќи само кој игра, тој добива.


