Трамп е подготвен блокадата на Владата да трае со години – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/19 8:58 AM

Трамп е подготвен блокадата на Владата да трае со години

Американскиот претседател, Доналд Трамп  е подготвен делумната блокада на американската Влада, која почна на 22 декември, да трае со години.

После состанокот со највисоките функционери на Демократската партија, Трамп изјавил дека би можел да прогласи вонредна состојба за да го заобиколи мислењето на Конгресот и да изгради ѕид на границата со Мексико.

Тој навел дека нема да потпише никаков предлог закон додека не се одобрат средства за финансирање на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико, на што демократите остро се противат.