„27 април“: Од 33 обвинети процесот продолжува на 15 јануари со 18 лица – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/19 8:46 AM

„27 април“: Од 33 обвинети процесот продолжува на 15 јануари со 18 лица

Судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година продолжува на 15 јануари, но сега против вкупно 18 лица.
Најголемиот судски предмет за „крвавиот четврток“ во Собранието, започна во август минатата година против 33 лица обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок на државата“, а согласно Законот за амнестија за настаните во Собранието донесен во декември 2018 година досега амнестирани се 15-мина обвинети.

МИА