Нетфликс предупредува да не го правите предизвикот инспириран од филмот „Bird Box“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 5:03 PM

Нетфликс предупредува да не го правите предизвикот инспириран од филмот „Bird Box“

Не поминаа ни неколку денови од 2019 година, а веќе има предизвик инспириран од филмот „Bird Box“, предупредува Нетфликс.

Bird Box инспирираше нешто чудно и опасно: “предизвик” во кој фановите од филмот ставаат на очи превези и се обидуваат да се движат низ  околината.

Трикот стана вирус онлајн, добивајќи „предивик“ под името „Bird Box Challenge,”, така што се повеќе и повеќе луѓе испратија видеа од себе кои се симнуваат со заврзани очи по скалите, па дури и возат со покриени очи.

 


„Не ми се верува дека морам да го кажам ова, но ВЕ МОЛАМ НЕ СЕ ПОВРЕДУВАЈТЕ СО ПРЕДИЗВИКОТ ‘BIRD BOX’. Не знаеме од каде започна овој тренд и ја цениме љубовта за филмот, но Момчето и Девојчето  имаат само една желба за 2019 година, и тоа е да не завршите во болница поради мемиња“, пишуваше на Twitter профилот на Netflix.