Седумнаесет од 19 централни банки во еврозоната од 27 јануари повеќе нема да издаваат банкното во апоени од 500 евра, соопштија од Еропската централна банка.
За да се обезбеди непречена транзиција од логистички причини, Централната банка на германија и Централната банка на Австрија ќе продолжат до 26 април 2019 година да ги издаваат овие банкноти,пишува на официјалниот сајт на ЕЦБ.
Постоечките банкноти од 500 евраи и понатаму ќе бидат законско средство за плаќање, што значи дека граѓаните ќе можат да ги користат и за плаќање и за штедење.Банките, менувачниците и другите комерцијални институции,како што е соопштено од ЕЦБ,ќе можат во оптек да ги задржат постоечките банкноти од 500 евра.
Како и сите деноминации на еврото,банкнотата од 500 евра засекогаш ќе ја задржи својата вредност и ќе може во секој момент да се замени во било која централна банка во еврозоната.


