Почина српскиот актер од серијата „Подобар Живот“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 12:05 PM

Почина српскиот актер од серијата „Подобар Живот“

Радио телевизија Србија објави дека познатиот српски актер Марко Николиќ , починал на 1 јануари во Градската болница во Белград.

Николиќ е роден на 20 октомври 1946 година во Краљево.

Дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Беше член на Народниот театар од 1970 година, а играше и на филм и на телевизија.

Најпознат е по улогата на Драгиша Попадиќ, викан „Гига Моравац“, од серијата „Подобар живот“.

Добитник е на наградата „Павле Вујисиќ“, што ја доделува Здружението на филмски глумци на Србија за доживотно дело.