Приведен е лидер на „Жолтите елеци“ во Париз – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 11:48 AM

Приведен е лидер на „Жолтите елеци“ во Париз

Еден од неформалните лидери на движењето „Жолти елеци“,  Ерик Друе, синоќа е приведен во Париз поради организирање на протест без претходно да го пријави.

„Апсењето на Друе е целосно неоправдано и произволно“, изјави адвокатката Кеопс Лара.

Таа додаде дека повторното апсење на нејзиниот клиент било по барање на префекрурата без јавното обвинителство, кое според неа се покажало  „дефинитивно послушно и прилагодливо“, бидејќи не се спротистави на мерката притвор за Друе.

На 22 декември Друе беше уапсен за време на протестите во Париз поради „носење на забрането оружје“ – стап –  и за тоа ќе му се суди на 5 јуни.

Тој, исто така, предизвика контроверзи со повикот испратен преку  БФМ ТВ „ да се влезе“  во Елисејската палата. Тој потоа се оградуваше од своите изјави.

Претседателката на Национален сојуз  Марин ле Пен и пратеникот на Бунтовна Франција Ерик Кокерол го осудија  апсењето на Друе посочувајќи дека се врши „систематското кршење на правата“ на противниците на Макрон и нивен „прогон“.

Извор:МИА