Вечерва во Премиер лигата: Манчестер Сити или Ливерпул – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 1:33 PM

Вечерва во Премиер лигата: Манчестер Сити или Ливерпул

Фудбалерите на Манчестер Сити и Ливерпул вечерва на Етихад ќе одиграат средба од 21. коло од Премиер лигата.

После 20 одиграни кола Ливерпул е лидер со дури 54 освоени бодови, додека Сити е моментално третопласиран со седум бодови помалку. Во случај на пораз можеме да кажеме дека Граѓаните на некој начин ќе бидат отпишани кога е во прашање борбата за титулата.

Токму поради тоа тимот на Гвардиола на секаков начин ќе проба да дојде до трите бодови, додека Редси секако ќе пробат да ги искористат своите шанси и да отидат на веројатно недостижни +10.

Останува да го почекаме стартот на натпреварот од 21.00 часот и да ужуваме во дербито.

 

Превземено од: supersport.mk