Кој е избран за најдобар фудбалер во Јунајтед? – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 10:48 AM

Кој е избран за најдобар фудбалер во Јунајтед?

Францускиот фудбалер Пол Погба како да се препороди по заминувањето на Жозе Мурињо од тренерската позиција, па беше избран за најдобар фудбалер на Манчестер јунајтед за декември.

Погба очигледно е најсреќниот фудбалер во Манчестер поради заминувањето на Португалецот, па во последните три меча во 2018 година постигна четири гола и три асистенции.

Инаку, Погба претходно во декември не успеа да постигне ниту еден гол и асистенција, па јасно е дека му одговара стилот на игра, кој го негува Оле Гунар Солскјер.

 

Првземено од: supersport.mk