Воспитувачка од детската градинка ,,Астибо”паднала од една од терасите на детската градинка и завршила на металната ограда.Жената веднаш е пренесена во болница .
Од тука велат дека не е во животнозагрозувачка состојба но има тешки телесни повреди.Во болницата била примена утрово околу 7 часот и веднаш била прегледана од ортопед ,анестезиолог и неврохирург.Во моментов е сместена во шок-соба. Дали станува збор за обид за самоубиство или несреќен случај треба да утврди Полицијата.
Директорката на детската градинка, Билјана Трајчевска не сакаше да коментира за случајот и рече дека не ја видела случката.Само потврди дека 62 годишната воспитувачка немала никакви проблеми на работа, ниту пак против неа имало некакви поплаки од родители или колеги.
Трајчевска вели дека градинката работи нормално и тие како институција ги запазиле сите процедури. Полицијата е таа што ќе утврди дали паѓањето од терасата било намерно или случајно.


