Со автомобил со германски регистерски ознаки, 31-годишен Македонец бил сопрен од хрватската полиција на автопатот А3 кај Нова Градишка. Возилото се движело со брзина од 254 км/h , на автопатот, каде брзината е ограничена на 130 км/h.
Како што јавија хрватските медиуми, полицијата го сопрела Македонецот на Нова Година, по 12 часот о го казнила возачот со парична казна.
Исто така му е изречена забрана да вози еден месец, по што бил исклучен од сообраќај.


