Правда за Давид – апсења и потерници во Бања Лука – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/19 10:06 AM

Правда за Давид – апсења и потерници во Бања Лука

Два дена по последните протести на групата „Правда за Давид“, уапсен е пратеникот во парламентот на Република Српска, Драшко Станивуковиќ. Распишана е и потерница по уште неколку лица, меѓу нив и за Давор Драгичевиќ.

Пратеникот во собранието на Република Српска (РС), Драшко Станивуковиќ е уапсен пред храмот на Христос Спасителот во Бања Лука, кога им се придружи на груп аграѓани кои таму се собраа за да ја поддржат Сузана Радановиќ, мајката на несреќно настраданиот Давид Драгичевиќ.

„Полицијата трага по мене, а јас сум слободен човек. Нивните закони не ме интересираат. Не сум направил ниту еден инцидент. Нека распишат потерници по криминалците и убијците. Против мене се води монтиран процес. Тие сакаат да ми наместат дека сум извршил државен удар. Велат дека сум непријател број 1, но ние ќе ја ослободиме Бања Лука. Можат да ме држат колку сакаат, ја сум ментално подготвен, не можат да ме запрат“, рече Станивуковиќ непосредно пред апсењето.

Превземено од Дојче Веле