Фото: Архива
Педесет и едногодишен жител на тетовско Долно Седларце загинал вчера во сообраќајна несреќа – соопшти денеска полицијата. До несреќата дошло кога педесет и едногодишниот маж управувајќи велосипед бил удрен од автомобил кој го управувал дваесет и двегодишен тетовец.
Несреќата се случила вчера попладне околу 17 часот и 30 минути на патот Тетово Брвеница. При сообраќајката велосипедистот здобил тешки телесни повреди од кои починал. Екипата на Прва помош која претходно била повикана, констатитирала смрт – соопшти претпладнево портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.


