Британците во потрага на ирски пасоши за да останат во ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/18 8:55 AM

Британците во потрага на ирски пасоши за да останат во ЕУ

Речиси 100.000 Британци одлучиле да побараат пасош за да го задржат државјанството во Европската унија.

Бројот на британски државјани кои во 2018 поднеле барање за ирски пасош се зголемил за 22 %,објави денеска ирското министерство за надворешни работа во понеделник , пренесува Хина.

Речиси 100.000 Британци  кои имаат право на тоа одлучиле да го задржат пасошот за да го задржат државјанството на Европската унија.

Претходната година, барање поднеле 81.000 Британци,годината пред референдумот на кој Британците одлучија да ја напуштат Европската унија,46.000.