Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалез дополнително го скрати списокот на ракометари во подготвителниот период за претстојното СП 2019 во Германија и Данска.
Подготовките на ракометарите ќе продолжат без Томислав Јагуриновски и Ласко Андоновски. Следниот тренинг сениорите ќе го обработат на 02.01.2019 (среда) во 10 часот.
Ова значи дека скоро сигурно на СП ќе патува најмладиот, нашиот Мартин Серафимов, кој, покрај Кире Лазаров, е единствениот десен бек меѓу преостанатите ракометари. Исто така, со заминувањето на Ласко Андоновски, големи се шансите на СП да отпатува уште еден млад бисер на Металург – Марио Танкоски, на позиција среден бек, покрај Талески и Кузмановски.
Македонија како дел од подготовски ќе одигра две средби против Србија, на 4 и на 5 јануари, по што ќе го добиеме финалниот список на патници на СП.
Да потсетиме нашите ракометари во првата фаза ќе ги одмерат силите со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и со Бахреин.


