Петта жртва од сообраќајната несреќа што се случи во Ниш, кога автобус на струшката компанија „Еуробус“ на 15 -ти декември во 19 часот тргнал од Битола за Виена и околу 1.4 0 часот минатата недела наутро се преврте во близина на Лесковац.
Бројот на жртвите од автобуската несреќа се искачи на пет лица, соопштија од Министерството за здравство.
Петте пациенти кои беа со потешки повреди и беа во болницата во Ниш се пренесени во Македонија.
Во несреќата беа повредени 35 луѓе. На местото на несреќата загинаа тројца патници, а 32-ца беа повредени. Од нив 14 беа хоспитализирани, а останатите по укажаната медицинска помош беа сместени во хотел.
Истрагата на српските власти за утврдување на причините за несреќата е во тек.


