Во 2018 година највреден светски бред е Епл, чија вредност е проценета на 214,4 милијарди долари, што е за 16 проценти повеќе од лани, се наведува во традиционалната ранг листа која секоја година ја објавува Интербранд.
На второ место е Гугл, чија вредност е зголемена на 10 отсто и сега изнесува 155,5 милијарди долари, додека на трето место е Амазон, кој вреди 100,7 милијарди, дури 56 отсто повеќе во споредба со лани.


