Општина Тетово не презема никакви мерки за решавање на проблемот со кучињата скитници, иако пред три месеци на седница на совет на Општина Тетово, донесе одлука месечно да се заловуваат по дваесетина кучиња и истите да бидат згрижени во стационар. Сега од локалната самоуправа, велат дека во тек бил административни процедури околу постапката за згрижување на кучињата скитници.
Општина Тетово и натаму го решава проблемот со кучињата скитници само на хартија.
На терен не се случуваат никакви активности, а кучињата и натаму сеат страв, додека дел од нив се’ уште се трујат.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи пак со голем оптимизам. Најавува дека ќе се реши проблемот со кучињата скитници. Според неа, на терен не се случувале никакви активности, затоа што моментално се работело на административни процедури, околу згрижувањето на кучињата скитници во стационар.
Во полошко нити една општина го нема решено проблемот со кучињата скитницни, што годинава резултираше со губење на човечки живот. Минатиот месец девојка од гостиварско, откако беше нападната од куче скитник падна во водите на реката Вардар во Гостивар и се удави.
Зоран Димовски


