Новогодишните дезени во вашиот дом се всушност тие кои ја носат новогодишната магија во истиот. Осввен украсена елка, сијалички, детали на околу, сигурно сте размислувале и за новогодишни перничиња кои секогаш се одличен детал во ентериерот на еден дом. Во комбинација со меко ќебе во боите на Новата Година и Божиќ ќе ви дадат поинаков шмек на вашите вечерни дружби, утринско пиење кафе или едноставно уживање во страниците на вашата нова книга.
Бела, црвена, црна, карирано, зелено па дури и онаа кафена боја создадена од јута е палетата на бои создадена за овој период. Погледнете неколку украсни перници кои може да се најдат во вашиот дом.



