Педесет и тригодишна жена си го пресекла прстот додека подготвувала ручек, но не ни претпоставувала каков хорор ќе се случи подоцна. Госпоѓата Жанг, како што ја нарекуваат кинеските медиуми, се нашла на насловните страници на медиумите по трагедијата што била предизвикана од нејзиното невнимание.
Сепак, жената на раната од ножот не обрнала внимание бидејќи била мала и не многу длабока. Два дена подоцна, нејзината кожа почнала да добива црна боја, а почнале да и’ се појавуваат и модрици.
Дури откако побарала лекарска помош, било утврдено дека таа има гангрена, која кај полесните случаи може да се третира со антибиотици, но ако ситуацијата е покомплицирана, тогаш може да дојде и со ампутација на инфицираното ткиво. Само доколку се третира навремено, гангрената може успешно да биде излечена.
Во моментот не се знае во каква состојба е жената, но таа се’ уште е на лечење во болница.


